Артета ќе „лета“ ако загуби од Мурињо, новиот тренер е изненадување

Неделното лондонско дерби меѓу Тотенхем и Арсенал може да биде последен меч за Микел Артета на клупата на „топчиите“, доколку шпанскиот стратег не успее да го разбуди тимот од големата резултатска криза. Арсенал беше активен на пазарот во минатиот преоден рок, се очекуваше чекор напред во играта и резултатите, но наместо тоа „топчиите“ покажуваат катастрофални настапи и моментно се наоѓаат на очајното 14. место на табелата.

Шпанецот требаше да биде спасител на Арсенал,но управата веќе ја загуби довербата во него и почна да се подготвува за менаџерска смена. Тотенхем е најомразениот градски ривал на Арсенал, „спарси“ се наоѓаат во одлична форма, па во случај на убедлив пораз во пресметката со Жозе Мурињо, на Артета ќе му биде врачен отказ од менаџерската функција.

Британските медиуми најавуваат изненадување при изборот на нов стратег на „топчиите“. Маурицио Сари би можел да се врати назад во Премиер-лигата откако екс-менаџерот на Челси бил контактиран од раководството на Арсенал и изразил подготвеност за враќање назад во Арсенал. Тој се уште е под договор со Јувентус, но „старата дама“ би дала зелено светло за да се откачи од платата што би требало да му ја исплаќа до јуни 2022 година.

Се вчитува...