Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека фудбалерите на лондонскиот клуб ќе бидат подготвени за дерби-мечот од деветтото коло во Премиерлигата против Ливерпул.
Арсенал синоќа на домашен терен го победи Шахтјор со 1-0 во третото коло од Лигата на шампионите.
„Имавме пауза поради обврските во репрезентациите и некои играчи се навистина уморни, па не ни очекував да бидеме полни енергија на овој натпревар затоа што изминатиов викенд имавме и натпревар во Премиерлигата“ – изјави Артета, притоа дополнувајќи околу престојниот меч со Ливерпул на 27. октомври.
„Пред нас се неколку дена одмор и рехабилитација, но се грижете за ништо. Моите играчи ќе летаат на терен против Ливерпул“ – дополни менаџерот на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА