Тренерот на Арсенал, Микел Артета, посочи дека лондонскиот клуб е способен да освојува трофеи следната сезона.
Артета целосно го трансформираше тимот откако ја презеде функцијата пред шест години, но не освои голем трофеј од ФА Купот во 2020 година.
„Топчиите“ завршија втори во Премиерлигата три години по ред, а минатата сезона беа поразени во полуфиналето на Лигата на шампионите и Лига Купот – од подоцнежните освојувачи, Пари Сен Жермен и Њукасл.
Арсенал имаше голем број повредени фудбалери во претходната сезона, а во следната сезона влегува со врвен тим.
„Сите нови засилувања носат квалитет во тимот, што е она што ќе ни треба во текот на целата сезона. Знаеме кои се нашите цели и што сакаме да постигнеме оваа сезона – веруваме дека сме способни да го постигнеме тоа. Бевме многу, многу блиску во претходните сезони и целиот тим ќе придонесе годинава да ги исполниме целите“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

