Артета: Многу добро знам низ што поминува Пеп

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека му е жал што неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, минува низ тортура поради лошите резултати во последно време.

Тој вели дека се сочувствува со својот ривал, бидејќи и самиот знае колку е тешка тренерската работа.

„Луѓето треба да зборуваат за тоа што го правеле девет години. Сите доживуваат турбуленции, но ги немале девет години. Тоа доволно зборува за средината во која се наоѓам. Сè мора да биде совршено затоа што е многу тешко да се победи. Луѓето пребрзо забораваат што сте направиле добро, а кога ќе почнат лошите резултати, ние тренерите сме први на мета. Жал ми е што сега на некој начин минува низ пеколот, разбирам како се чувствува бидејќи и јас поминувам низ истите ситуации, како и многу наши колеги“, изјави Артета.

Се вчитува...