Во недела од 17.30 часот Манчестер сити го пречекува Арсенал во дерби натпревар од англиската Премиер-лига. Тренерот на „топчиите“ Микел Артета го најави мечот на прес-конференција на која меѓу другото се осврна и на неговиот однос со тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
Шпанците работеа заедно од 2016 до 2019 година, кога Артета му беше помошник на Гвардиола во Сити.
„Нашиот однос се промени, но не и мојот восхит и она што го чувствувам за него. Според мене, Гвардиола е веројатно најдобриот тренер во светот и тој е еден од најдобрите луѓе што сум ги запознал во фудбалот. Најмногу се смеев и се забавував работејќи со него, а тоа секогаш ќе го паметам. Добро ќе го подготвиме натпреварот. Не можам да ги променам чувствата кон друга личност, но морам да се однесувам професионално. Претпочитам да играм против некој за кој ги немам тие чувства, но тоа не е прашање на избор. И двајцата сакаме да победиме“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА