По успешниот викенд по кој Арсенал се врати на лидерската позиција во Премиерлигата избраниците на Микел Артета ги очекува европски предизвик во реванш дуелот од Лигата на Шампионите против Порто.
„Топџиите“ имаат негатива од 1-0 против незгодниот противник па за пресврт и пласман во следната фаза фудбалерите во „црвено-бело“ ќе мораат да дадат 200 отсто како што вели самиот Артета.
„Играме пред нашите навивачи и ќе мораме да дадеме 200 отсто од можностите за да го минеме Порто. Тие се незгоден ривал кој поседува огромен квалитет. Имаме мали проблеми со повредите, денес не тренираше Мартинели, но ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во текот на утрешниот ден.
Имаме голема самодоверба и мислам дека тоа може да биде значаен фактор во овој дуел. Загубивме во Португалија, но утре влегуваме максимално фокусирани на предизвикот. Мора да постигнуваме голови, го знаеме тоа и ќе играме офанзивно, како што му доликува на овој клуб“, вели Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

