Артета мора да најде место во Арсенал за Украинец

Микел Артета наскоро би можел да добие непосакувано засилување во Арсенал. Станува збор за Олександар Зинченко, украинскиот репрезентативец кој е на позајмица во Нотингем Форест.

Искусниот лев бек по три години поминати на „Емирати“ замина на позајмица на почетокот на месец септември 2025 година, но не успеа да се наметне во редовите на Нотингем Форест, забележувајќи само пет настапи во Премиерлигата.

„Шумарите“ не се задоволни од неговата форма и размислуваат за прекинување на позајмицата која е со важност до крајот на сезоната.

Се вчитува...