Букајо Сака поради повреда нема да настапи на вечерашното гостување на Англија против Финска, откако крилниот офанзивец доби зелено светло да се врати назад во својот клуб Арсенал.
Микел Артета веќе има бројни главоболки поради повреди на стандардни првотимци, но Сака не би требало долго да паузира откако последните информации покажаа дека повредата на мускулот на десната нога не е сериозна. Првичните прегледи ја отфрлиле можноста за кинење на мускулот, па сега најверојатно ќе следи неколку дена целоно мирување пред Сака да се приклучи на тренинзите на својот тим.
Стратегот на Арсенал може да здивне бидејќи клучниот играч најверојатно ќе биде подготвен веќе за гостувањето против Борнмут закажано за 19 октомври, а нема сомнеж дека Сака ќе биде „фит“ за големото дерби со Ливерпул на 27 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА