Артета: Можеме да ја прекинеме шампионската серија на Манчестер сити

Арсенал ја очекува новата сезона во Премиерлигата со амбиција за прекинување на шампионската серија на Манчестер Сити.

Експертите велат дека Арсенал е единствен реален ривал кој може да ја запре серијата на Сити.

„Сите фудбалери се убедени дека овој пат ќе успееме да дојдеме до врвот. Тие се оние кои мора да ја одржуваат во живот нашата главна амбиција, па нормално дека ова е позитивен аспект. Се уште сме далеку од сопствениот лимит, имаме простор за подобрување и начинот на кој фудбалерите работат секојдневно ме прави оптимист дека можеме многу повеќе сезонава“ – вели Артета.

Арсенал денеска ја отвора сезоната против Вулверхемптон од 16 часот.

Се вчитува...