Шампионската титула е се подалеку од Арсенал откако „топџиите“ претрпеа болен пораз од 3-0 од Брајтон на домашен терен во 36. коло од Премиерлигата. Избраниците на Микел Артета сега се четири бода зад Манчестер Сити, а имаат и натпревар повеќе во однос на „граѓаните“.
Шпанскиот стратег по натпреварот не го криеше разочарувањето од болниот пораз, прифаќајќи ја одговорноста.
„Во овој момент чувствувам само фрустрација, се чувствувам како да се предадовме во втрото полувреме, а многу се боревме за да бидеме во оваа позиција. Требаше да загриземе, да продолжиме да го бркаме нашиот сон. Тоа не може да се направи при тоа што го направивме ние во второто полувреме. Многу треба да анализираме, да видиме дали нашиот тим е воопшто способен да биде на престолот.
Тоа што овој тим го направи претходните девет месеци е многу повеќе отколку било кој што очекуваше, но тоа за возврат ги крева и очекувањата. Тоа прави еуфорија, среќа, радост и чувство дека мораме да направиме нешто, а со тоа треба да се избориш. Одговорноста е моја. Го мразам ова чувство кога луѓето се изневерени и поради тоа многу се каам. Мораме да се извиниме. Мојата задача е да го извадам најдоброто од секого, пробав, но очигледно не успеав“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

