Артета: Му благодарам на Обамејанг за она што го стори за Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер за првпат се огласи по заминувањето на Пјер-Емерик Обамејанг во Барселона. Пред натпреварот со Вулверхемптон, Артета одговори и на прашања поврзани со голгетерот, кој во последниот ден од преодниот рок се пресели на „Ноу Камп“ откако претходно беше суспендиран од страна на Артета поради непочитување на клупските правила.

„Многу сум му благодарен на Обамејанг за она што го стори додека сум јас тука. Начинот на кој се гледам себе си во оваа ситуација е решение, а не проблемот“, изјави Артета.

Менаџерот на „топчиите“ одговори и на прашањето дали тој е виновен за заминувањето на Габонецот.

„Можеби тоа е негово мислење, и мора да го почитуваме. Го направивме она што мислевме дека е исправно во овој момент“, смета Артета.

Се вчитува...