Тренерот на Арсенал, Микел Артета во своите редови сака да го доведе Џереми Жакет, младиот француски стопер од редовите на Рен, пренесуваат англиските медиуми.
Дваесетгодишникот потекнува од младинската школа на овој француски клуб и веќе покажува сериозен потенцијал за настап и во најелитните фудбалски првенства. Минатата сезона настапуваше и за првиот тим на Рен па и стекна искуство кое ќе му биде драгоцено.
Жакет е голема желба на шпанскиот стратег, но реализацијата на трансферот ќе биде многу тешка бидејќи францускиот клуб нема намера да остане без неговите услуги. Рен веќе одбил понуда од Арсенал за фудбалерот на кој му беше продолжен договорот во мај оваа година па сега „топчиите“ се надеваат дека ќе условите ќе бидат различни следното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

