Артета: Не игравме како што треба, затоа не победивме!

Микел Артета не го криеше разочарувањето откако резултатската криза на Арсенал во Премиер-лигата се продлабочи со ремито против „фенерџијата“ Вулверхемптон.

„Топчиите“ имаа предност од 0-2 на „Молинју“, но потоа престанаа со својата препознатлива игра и ја платија цената со несреќниот автогол на Калафиори во судиското продолжение.

„Тешко е да се прифати што не успеавме да победиме, но со она што го прикажавме во второто полувреме и не заслуживме да ги освоиме трите бода. Знаеме колку сме добри и квалитетни, но исто така и знаеме дека тоа мораме да го покажеме на терен, а вечерва не го сторивме тоа. Кога си на ова ниво, очекувањата се големи во секој момент и мораш да одговориш на тоа, а ние не успеавме. Дадовме гол за 0-2, но ако сме искрени цело второ полувреме бевме надвор од ритам, дозволивме противникот да диктира темпо и плативме голема цена поради тоа. Ако ги прашам играчите што требаше да направат, убеден сум дека точно знаат што побарав од нив, знаат дека тоа можеа да го спроведат. А сепак не се случи“, изјави Артета.

Се вчитува...