Артета: Не изгледавме како тим, мораме да се извиниме

Арсенал иако на хартија важеше за голем фаворит не успеа да слави над Нотингем Форест во ФА Купот, односно мораше да се соочи со елиминација во раната фаза на ова натпреварување кое знае многу често да го освојува низ годините.

„Топчиите“ загубија со гол во самиот финиш на средбата што беше заокружување на слабиот настап со оглед на тоа што не беше упатен ниту еден удар во рамките на голот на домаќинот низ сите 90 минути.

„Тие победија, тие постигнаа гол, ние не. Не бевме доволно добри и мора да се извиниме за тоа. Не сакам да користам изговори, очекувам тимот што го изнесов на терен да биде подобар. Кога не е така, тогаш испаѓате од ФА Купот. Денешниот ден покажа дека не можевме да го победиме Форест на негов терен. Едноставно потфрли целиот тим, а не поединецот. На овој натпревар не личевме на тим“, истакна тренерот Микел Артета.

Се вчитува...