Артета не може да крене глава од повреди

Ремито со Челси во градското дерби и ново испуштените бодови во битката за титула не се единствената причина за грижа за Микел Артета бидејќи листата на повредени во Арсенал се зголеми запишувајќи ги имињата и на Декан Рајс и Букајо Сака.

Англичаните се пожалија на повреда, а дека ситуацијата не идеална говори и фактот дека двајцата нема да бидат дел од кампот на репрезентацијата на Англија за престојните репрезентативни предизвици.

Тие ќе останат во главниот град и ќе продолжат да се рехабилитираат од повредите пред пеколниот распоред кој го чека Арсенал по двонеделната пауза од клупски фудбал.

Се вчитува...