Тимот на Арсенал го победи градскиот ривал Тотенхем со 4-1, и ги искористи киксовите на своите ривали Манчестер Сити и Ливерпул за дополнително да се зацврсти на табелата во Премиерлигата. Сега „топчиите“ имаат шест бодови предност пред Челси и седум пред Манчестер Сити.
Сепак, Микел Артета не сака да зборува за некаква титула, односно кажа дека тимот ќе оди чекор по чекор, натпревар по натпревар.
„Беше посебен ден за нас. Знаевме колку мечот со Тотенхем е важен и што значи за нашите навивачи. Прекрасно е што им донесовме радост. Езе направи многу за нас. Тој можеше слободно да постигне четири и пет голови. Добар играч кој го подигнува квалитетот на овој тим. Доминиравме во текот на нтпреварот, создадовме многу шанси, а во исто време бевме трпеливи. Секој кој доби шанса, одлично си ја заврши работата. Бележиме добри резултати, но и самите гледате колку секој натпревар во Премиерлигата е тежок. Има многу натпревари кои следуваат, ајде да одиме натпревар по натпревар. Ајде да уживаме во оваа победа, а потоа играме против Баерн, па против Челси на гости. Ќе биде тешка недела“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

