Артета: Не знам што се случило, но Пепе е друг фудбалер по Африканскиот Куп на нации

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета денеска зборуваше за својот играч Николас Пепе, и објасни зошто не добива поголема минутажа во дресот на „топчиите“.

„Мислам дека Нико е сега поинаков, откако се врати од Африканскиот куп на нации. Не знам што е работата. Минатата година брилијатно ја заврши сезоната, и би сакал да го повтори тоа. Ни треба во најдобра форма, бидејќи секој може да придонесе за остварување на нашата цел. Не сакам играч како него да седи на клупата, сакам да му дадам шанса кога ќе видам дека може да одговори на предизвикот“, рече Артета.

Пепе настапува за селекцијата на Брегот на слоновата коска. Тој е веќе три години во Арсенал, откако дојде од Лил за сума од огромни 79 милиони евра.

Се вчитува...