Артета нема да им го прости ова на навивачите на Ливерпул (ФОТО)

Дербито на 36. коло од Премиерлигата донесе суперинтересен натпревар на „Енфилд“ каде Ливерпул го пречека Арсенал, а домашните навивачи имаа подготвено посебна порака за тренерот на гостите, Микел Артета.

На трибините одекна транспарент „Секогаш деверица, никогаш невеста“ со ликот на Артата облечен во невестински фустан алудирајќи на последователниот финиш на сезоната на второто место на табелата.

Арсенал и оваа сезона нема да се радува на трофеј откако пофрли и во Премиерлигата, домашните Куп натпреварувања, а и Лигата на Шампионите каде претрпе елиминација од ПСЖ во полуфиналето.

Се вчитува...