Артета: Нема подобра екипа од Арсенал во ЛШ, затоа боли оваа елиминација

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, тешко ја поднесе елиминицијата на неговиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите од ПСЖ . Лондончани ги загубија двата натпревари со Парижаните (0:1 и 1:2) и се збогуваа со надежите за трофејот.

Шпанецот даде чудна изјава по натпреварот, дека немало подобар тим од Арсенал во овогодинешното издание во ЛШ, и затоа тој факт го боли уште повеќе.

„Да им го честитам на ПСЖ пласманот во финалето. Ќе направиме анализа кога ќе се смират емоциите. Кога ќе ги погледнете двата меча, нивниот најдобар играч беше голманот. Тој ја направи разликата. Мислам дека бевме многу поблиску до целта, колку што покажуваат резултатит. По 20 минути требаше да водиме 3-0 на реваншот. Бевме блиску, бевме подобри од нив, но не сме во финалето и тоа боли. Ако сакаме да го освоиме ова натпреварување, мора да сфатиме дека постојат одредени работи што зависат од нас. Не можете само да разберете дека сме елиминирани. Тоа не е начинот на кој јас гледам на работите. 100% сум сигурен дека немаше подобар тим од Арсенал во натпреварувањето од она што го видов, но ние бевме елиминирани. Во секој случај горд сум на играчите, и заслужуваат пофалби“, истакна Артета.

Се вчитува...