Артета: Нема подобро чувство од победа во последната минута

Арсенал успеа да направи целосен пресврт и да слави на гостувањето кај Њукасл Јунајтед во дербито на 6. коло во Премиерлигата. Херојот на „топчиите“ беше Габриел кој го искористи „најсилното оружје“ на лондонскиот клуб – корнерите за да донесе презначајни три бода за својот тим.

Задоволството по триумфот не го криеше ниту тренерот Микел Артета кој изјави дека нема подобро чувство од победа во последната минута.

„Неверојатно чувство. Тоа е фудбалот, тоа е тимска игра кога ќе го добиеш тоа што го заслужуваш на крајот. Горд сум на овој тим, начинот на кој игравме, начинот на кој се разбираме, но и како одговараме по тешки ситуации и наоѓаме начин да славиме со играчите кои даваат придонес од клупата. Исклучително“, изјави Артета.

Се вчитува...