Арсенал ја продолжи битката за титула во Премиерлигата со преубедлива победа од 5-0 против градскиот ривал Челси. „Топчиите“ беа супериорни во однос на противникот постигнувајќи четири голови во второто полувреме.
Сепак тренерот на Арсенал, Микел Артета изрази незадоволство од својот тим за играта во првите 45. минути.
„Среќен сум за победата, бројот на шанси кои ги криеиравме и нормално постигнатите голови. Тука е и новата сочувана мрежа што покажува конзистентност, но не бевме доволно дисциплинирани, особено во првото полувреме. Мора да бидеме подисциплинирани како во вториот дел“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА