Првиот полуфинален натпревар во Лигата на Шампионите носи спектакл на „Емирати“ каде утре силите ќе си ги одмерат Арсенал и ПСЖ со почеток од 21 часот.
Во пресрет, како што вели самиот, „најголемиот натпревар во новата историја на Арсенал“, за медиумите говореше Микел Артета, предводникот на „топчиите“ кој е се поблиску до испишување на историја со прв трофеј во Лигата на Шампионите за лондонскиот тим.
„Се чувствува дека е најголемиот натпревар во мојот живот. Ја чувствувате енергијата, ентузијазмот, се е тоа нешто посебно. Ова е најголемиот натпревар во новата историја на Арсенал. Едвај чекам да започне натпреварот“, вели Артета.
„Со оглед на околностите кои ги имавме сезонава и проблемите кои мораме да ги надминеме, предизвиците и тоа дека сме меѓу најдобрите четири тима во Европа, тоа многу говори за начинот на размислување, нашиот дух и тоа колку сакаме успех. Испишуваме историја, имаме убава приказна и сакаме уште многу успех.
Уште мора атмосферата да биде спектакуларна. Ни треба навивачите да бидат со нас на „секоја топка“. Сакаме да направиме нешто посебно па и атмофсерата мора да биде посебна, нешто што не сме виделе досега. Се надевам дека секој кој ќе дојде на утрешниот натпревар и ќе го следи од дома ќе ни даде енергија“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА