Артета: Ни требаат засилувања со победнички менталитет

Арсенал полека се враќа на претпознатливите патеки и оваа сезона е лидер на Премиерлигата. Но, „топџиите“ се соочуваат со голем проблем по повредата на својот најдобар напаѓач Габриел Жезус за што тренерот Микел Артета побара нови засилувања од раководството на клубот.

Шпанскиот стартег смета дека на клубот му се потребни играчи кои ќе го дополнат костурот на тимот со победничкиот менталитет и ќе ги направат и останатите играчи уште подобри.

„Знаевме колку е важно да добиеме играчи на почетокот на летото и сега истото сакаме да го направиме во јануари. Не ни треба костур, ни требаат играчи кои ќе го направат тимот подобар. Мислам на особините кои ги имаат, на победничкиот менталитет“, изјави Артета.

Се вчитува...