Арсенал има негатива од еден гол по првиот меч со ПСЖ, но Микел Артета не губи надеж дека неговиот тим на гостински терен во Париз ќе успее да го надополни ова заостанување и да се избори за место во големото финале.
Шпанскиот стручњак беше видно разочаран по неискористените шанси и поразот на својот тим во Лондон, но Артета останува оптимист дека таа минимална негатива може да биде анулирана утревечер на „Паркот на принцовите“.
„Се наоѓаме на само една победа до финалето во ЛШ, ќе играме во еден од најубавите градови во светот против врвен противник, не може да биде ништо подобро… Пред нас е голема шанса, свесни сме дека резултатот од првиот меч не ни е во корист, но дојдовме овде за да испишеме историја. Им реков на момците и по тој пораз, за да стигнеш до финале во ЛШ треба да направиш нешто навистина импресивно. Победа во Париз над ПСЖ би била нешто навистина импресивно, ние сме подготвени за такво нешто… На првиот меч покажавме дека можеме да играме со ПСЖ, да создаваме шанси против овој тим, она што ќе треба да го поправиме е реализацијата“, истакна Артета на денешната прес-конференција во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

