Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, се огласи по поразот на неговиот тим од Пари Сен Жермен со 0-1 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Артета го искажа своето разочарување од резултатот, и покрај тоа, како што вели, неговиот тим играл добро и бил подобар ривал.
„Разочарани сме од резултатот. Во првите 15 минути не доминиравме и се мачевме, а потоа ја презедовме иницијативата. На крајот предноста ја има ПСЖ. Верувам дека Арсенал играше подобро од противникот, и затоа е ова разочарување. ПСЖ е одличен во држење на топката, играат странично со многу играчи во различните линии. Нивниот голман направи многу добри одбрани. Ова е само прво полувреме. Јас верувам дека имаме одлични шанси да се пласираме во финалето во Лигата на шамшпионите“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

