Артета: Планот на Арсенал не е ангажман само на млади играчи, потребно ни е и искуство

Арсенал не успеа да го доведе Михајло Мудрик кој по голема трансфер сага заврши во Челси па го ангажираше Леандро Тросар. 28-годишниот Белгиец во Лондон доаѓа од редовите на Брајтон каде имаше одлична сезона која ја преслика и на Светското првенство во Катар.

Трансферот на напаѓачот изненади многумина, а анализите велат дека станува збор за избрзан трансфер поради годините на белгискиот репрезентативец. Доведувањето на 28-годишници не беше пракса на „топџиите“ во последните години, но зад новиот ангажман застана Микел Артета.

„Неговите години не се никаков проблем. Клубот може да си дозволи 28-годишен играч со искуство, сестраност и прав квалитет. Нашиот план не е да доведуваме само играчи од 20, 21 или 22 години“, изјави Артета.

Се вчитува...