Артета по дебаклот: Ова е неприфатливо, се извинуваме!

Кристал Палас направи најголемо изненадување во 31. коло од англиската Премиер-лига, и го совлада тимот на Арселнал со 3-0. Избраниците на Патрик Виеира беа уверливи против тимот на Микел Артета, кој и натаму се бори за место во Лигата на шампионите.

После натпреварот гостинскиот тренер Артета, не го криеше своето разочарување.

„Не трчавме воопшто, особено во првиот дел. Довнецме на секоја топка, бевме меки во секој дуел и воопшто не заслуживме друго ништо. Бевме лоши на топка, немавме доминација. Во секој случај ова е неприфатливо. Се предадовме, сега се извинуваме и мораме да се прегрупираме. Дали ова можев да го предвидам? Не, не можев. Зборевме пред почетокот на натпреварот дека овој натпревар на овој стадион може да се добие само ако влеземе максимално во натпреварот затоа што игравме против физички силен противник“, изјави Артета.

Но, покрај поразот, Арсенал се соочи и со дополнителни проблеми, затоа што Киран Тирни би можел да го пропушти останатиот дел од сезоната поради повреда на коленото, а исто така се повреди и Томас Парти.

Се вчитува...