Арсенал има ново лето во кое не е превлијателен на траснфер маркетот. Досега „топчиите“ стигнаа до само две засилувања, но до крајот на преодниот рок може да реализираат сензационален трансфер, пренесуваат англиските медиуми.
Микел Артета инсистира на уште едно квалитетно засилување во нападот до крајот на август, а изборот паднал на 22-годишниот шпански фудбалер Нико Вилијамс кој беше најголемата трансфер желба на Барселона ова лето.
Зад Вилијамс е успешен настап на клупско ниво со Атлетик Билбао, а потоа и успешен настап на Евро 2024 каде ја предводеше Шпанија до трофејот.
Нико Вилијамс има откупна клаузула во вредност од 55 милиони евра, што не претставува проблем за Арсенал, но самиот 22-годишник ќе го има последниот збор за можен трансфер. Тој во повеќе наврати покажа лојалност кон шпанскиот клуб каде сака да постане легенда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА