Арсенал, до крајот на неделата, и официјално ќе го потврди доаѓањето на шпанскиот репрезентативец и моментално фудбалер на Реал Сосиедад, Микел Мерино. Но, тоа нема да биде крај на засилувањата за „топчиите“.
„Кориере дело спорт“ тврди дека Арсенал одлучил да го доведе и напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен и понудата веќе е испратена на адреса на клубот. Дури и раководството на Наполи ја промени одлуката кога е во прашање Осимен, па сега е подготвено да го продаде за многу помалку пари од очекувањата – околу 95 милиони евра.
„Наполитанците“ веќе имаат подготвено и замена за Осимен, желни да го доведат во клубот Ромелу Лукаку од Челси.
Интересно, е дека Осимен нема да биде единственото засилување на крајот од преодниот рок. Арсенал испратил понуда и за Лукман од Аталанта. Овој фудбалер не се појавил на тренингот на тимот, токму поради тоа што е во преговори за трансфер.
Сите мислеа дека се работи за ПСЖ, но италијанските медиуми пренесуваат дека Арсенал испратил понуда од 50 милиони евра, за трансферот на Лукман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА