Арсенал беше изненаден во дербито на колото во Англија губејќи од Манчестер Јунајтед со 2-3 на домашен терен во супер интересен натпревар.
Тренерот на „топчиите“ превзема одговорност за поразот велејќи дека овие моменти се тие кои го градат шампионот.
„Мораме да му дадеме признание на Манчестер Јунајтед. Постигнаа гол кој не необичен и болен, а потоа имаа два брилијантни моменти со неверојатни голови. Ние не бевме во најдоброто издание. Во првите 30 минути имавме целосна контрола, постигнавме гол, но потоа многу пати ја загубивме топката во важни моменти. Почнавме да губиме контрола и доминација и настана хаотична игра“, изјави Артета.
„Кога губиме натпревар, секогаш превземам одговорност. Мораме да ги заштитам играчите. Едностано загубивме. Ако сакате да победите, мораме да поминете низ овие моменти и не можете да очекувате дека ќе славите на секој натпревар, тоа е нереално.
Разликата во моментот е мала, а ние ја направивме уште помала. Сега мораме да реагираме и да видиме од што сме направени. Денеска не бевме на ниво и ја плативме цената“, додаде шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

