Арсенал одигра фантастичен двомеч во четвртфиналето во Лигата на Шампионите, два пати совладувајќи го Реал Мадрид и тоа со 3-0 на домашен терен и 2-1 на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета на прескофенренцијата за медиуми откри дека пред на денот на средбата во Мадрид имал и разговор со Пеп Гвардиола, менторот со кој освои две титули во Премиерлигата, ФА Куп и Комјунити шилд.
„Го побарав утрото пред натпреварот со Реал Мадрид бидејќи мислам дека голем удел во тоа што сум тука оди на него. Како играч и како тренер ми беше инспирација, тој е тој кој ми даде шанса и ме вклучи кај него како помошен тренер. Поминав четири неверојатни години со него и морам да му бидам благодарен. Без него немаше да бидам тука“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА