Арсенал е во битка за титулата во Премиерлигата. Сепак двата порази и петте ремија во Премиерлигата досега го поставија прашањето колку „топчиите“ имаат сила да се борат за првото место на табелата, ако се знае дека уште од сега заостануваат шест бодови од Ливерпул, и тоа со натпревар повеќе.
Менаџерот Микел Артета прашан дали Арсенал ќе се засилува во престојниот предоен рок, рече дека тоа ќе го стори доколку има капацитет да донесе некое ново име.
„Овој трансфер прозорец ни дава можност да го засилиме тимот. Меѓутоа тоа ќе го сториме само ако сметаме дека е потребно и чувствуваме дека имаме капацитет да го направиме“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА