Артета презадоволен: „Летавме“ по теренот

Арсенал ја потврди фаворитската улога и лесно триумфираше во натпреварот со Виган.

„Топчиите“ славеа со 4-0 и се пласираа во осминафиналето на ФА Купот на големо задоволство на Микел Артета кој не го криеше воодушевувањето од прикажаното на неговите фудбалери.

„Фантастичен натпревар. Од самиот почеток можевме да видиме дека работите „кликнаа“. Фудбалеите беа живи, свежи. Среќни сме што сме во следната рунда. Тоа сакавме да го оствариме и начинт на кој што го направивме тоа е фантастичен. Тимот покажа искрена желба пред се, што е најважно кога играте против вакви тимови во ова натпреварување“, изјави Артета.

Се вчитува...