Микел Артета со неговиот Арсенал денеска успеа да го освои трофејот во „Комјунити Шилд“ откако во финалето го совлада Манчестер Сити по изведување на пенали со 4-1.
Арсенал успеа да израмни во 11. минута од судиското надополнување, а потоа преку пенали да слави во мечот со Сити.
После натпреварот, Артета даде интересна изјава во која призна дека после завршувањето на минатата сезона, размислувал да си замине од лондонскиот тим, откако ја загуби титулата и покрај тоа што во еден момент имаше голема предност пред тимот на Сити.
„Првите неколку недели откако Сити стана првак беа многу тешки. Прво што морате да направите е да се погледнете во огледало и да сфатите дали постои нешто што сте можеле да направите да биде поинаку. Да си судите сами на себе дали и натаму сте вистинската личност која ќе го води клубот, екипата, напред на начинот на кој сакате. Ми требаше многу енергија да размислам и одговорот беше „да, имам многу енергија и позитивност“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

