Артета: Разочаран сум од настапот, ни доаѓа најважниот меч и мораме да ја вратиме енергијата

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека е разочаран од резултатот и настапот на неговите играчи на синоќешното лондонско дерби со Кристал Палас. Шпанецот ги предупреди своите играчи дека треба да ја вратат максималната енергија пред најважниот натпревар во сезоната – домашниот дуел со ПСЖ во првата од полуфиналните пресметки на двата тима во Лигата на шампионите.

Арсенал ја загуби битката за трофејот во Премиерлигата, и сега останува да се бори за пласман во финалето и можен пехар во Лигата на шампионите.

„Разочарани сме од резултатот и настапот. Не бевме доволно константни за да доминираме во играта. Тоа е дел од фудбалот и не чинеше два бода. Требаше да бидеме подобри во многу аспекти од играта. Ни треба постојаност. Тимот на Кристал Палас беше многу организиран и заслужува почит. Треба да направиме многу подобро. За шест дена е нашиот најважен натпревар во сезоната. Треба да ја вратиме енергијата“, изјави Артета по мечот.

Се вчитува...