Микел Артета има причина да биде горд на својот тим откако Арсенал и вторпат во рок од седум дена успеа да слави над Реал Мадрид. „Топчиите“ имаа 3-0 од првиот меч во Лондон, но импресионираа и со играта на реваншот во Мадрид, не бранејќи се туку создавајќи им повторно многу проблеми на дефанзивците на Реал.
„Ова беше огромен чекор за нас како тим. Игравме со актуелниот првак на Европа, знаевме дека имаме предност, но цело време, цела седмица наназад се подготвувавме како мораме повторно да одиме на победа, знаевме дека ќе е грешка ако се повлечевме за да се браниме 90 минути. Реал Мадрид е неверојатен клуб, само три минути беа доволни за самиот да увидам зошто на овој стадион се случувале неверојатни чуда и пресврти, енергијата беше неверојатна. Знаевме дека се е возможно, тие се специјалисти да создадат хаос и потоа да го демолираат противникот, но успеавме во тоа што го сакавме – ја контролиравме средбата и на крајот заслужено славевме“, изјави Артета.
Шпанецот се осврна и на честитката што ја добил од Карло Анчелоти веднаш по завршниот свиреж на судијата.
„Карло Анчелоти е вистински господин. Ми честиташе за победата и ми кажа дека посакува токму Арсенал да го крене трофејот во ЛШ. Се надевам дека ќе му ја исполниме таа желба“, прокоментира стратегот на „топчиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА