Арсенал пропушти можност за победа во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа, дозволувајќи Славија Прага во последните минути да дојде до реми (1-1) во Лондон.
Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета очекувано е незадоволен од конечниот исход на мечот.
„Испуштивме можности за убедлива победа. Сепак, постигнавме посакуван гол по кој очекувавме победа, но поради невнимание примивме гол во судиското продолжение. Воопшто не ја потценивме Славија за која добро знаевме дека е тежок противник. Сега ќе биде тешко во Прага, но и на гостувањето ќе одиме на победа затоа што наша цел е полуфинале во Лигата на Европа“ – вели Артета.
Реванш дуелот меѓу двата тима се игра на 15. април во Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА