Артета: Сега сè изгледа многу подобро, Арсенал може и до врвот на Премиер лигата

Пред само десет дена, новиот менаџер на Вест Бром, Сем Алардајс, изјави дека го смета тимот на Арсенал за ривал во борбата за опстанок во Премиер лигата. Нов, во саботата беше поразен со 4-0 на домашен терен од истиот тој ривал.

„Топџиите„ врзаа три последователни победи завршувајќи со убедлив триумф против ВБА. Во периодот што Микел Артета го нарече „клучен“, Арсенал го победи Челзи со 3: 1, Брајтон со 1: 0 и во саботата ВБА со 4: 0.

„Сè изгледа многу подобро. Направивме одлична работа овој период. Три натпревари за седум дена и сите успеавме да ги добиеме. Беше тешко и против ВБА, иако крајниот резултат не го кажува тоа. Условите беа тешки, но тимот изгледаше добро од самиот почеток. Остваривме голема победа “, рече Микел Артета.

Арсенал повторно изгледа како тим што има сериозни амбиции. Тие би можеле повторно да се борат за да излезат на европската сцена.

„Ние сме многу покреативни во нападот, и солидни во одбраната. Ја подобривме и дисциплината во играта. Зад нас е тежок период, по серијата слаби резултати, моравме брзо да го подигнеме нивото. „Сега сè изгледа многу подобро“, изјави Артета.

Се вчитува...