Арсенал вечерва ќе го пречека Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а менаџерот на „топчиите“, Микел Артета, вели дека го почитува Диего Симеоне. Артета верува дека Симеоне би бил успешен во Англија доколку одлучи да дојде во таа земја да работи.
Диего Симеоне пристигна во Атлетико во декември 2011 година, наскоро ќе наполни 14 години како го води клубот од Мадрид. Во Премиерлигата, Микел Артета моментално е тренер со втор најдолг стаж, откако во Лондон пристигна во декември 2019 година. Најдолг стаж има Пеп Гвардиола, кој е на чело на Манчестер сити од летото 2016 година.
Артета беше прашан од новинарите дали долговечноста на Симеоне на клупата е некаков вид инспирација за него.
„Секако дека има луѓе на кои се угледувам, тој е еден од оние од кои сум учел во бројни ситуации, од неговата неверојатна страст. Кога ќе погледнете колку долго е во играта, во истиот клуб, со истите играчи, и тој сè уште ја има и ја пренесува таа неверојатна енергија и желба за победа“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

