Артета со добра вест за навивачите на Арсенал: Сака е во конкуренција за настап за мечот со Сити

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека крилниот напаѓач Букајо Сака е подготвен за дерби натпреварот во Премиерлигата од осмото коло каде „топчиите“ го пречекуваат бранителот на титулата Манчестер Сити.

Сака имаше проблеми и пред мечот со Бормут претходниот викенд. Тогаш поради повреда на скочниот зглоб не тренираше, но секако беше стартер и постигна гол.

Англичанецот го започна и натпреварот против Ленс во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, но беше заменет во 34. минута поради болки.

„Букајо е во конкуренција за мечот со Сити. Ќе видиме како ќе се чувствува дотогаш. Секако дека не е добро што мораше да биде заменет против Ленс, но ќе видиме како ќе биде пред натпреварот“, изјави Артета. 

Се вчитува...