Артета со главоболки пред реваншот во Париз

Фудбалерите на Арсенал патуваат во Париз и се надеваат на чудо за финалето на Лигата на шампионите, а Микел Артета има нови грижи за составот.

Како што беше откриено, Јуриен Тимбер нема да биде подготвен за реваншот, откако доживеа повреда на првиот натпревар со Пари Сен Жермен. Поради ова, тој го пропушти вчерашниот натпревар со Борнмут, а се очекува неговото место да го заземе Бен Вајт, кој се врати по долга пауза.

Уште поголем потенцијален проблем за Артета е тоа што Мартин Одегард исто така заработи мала повреда во поразот од Борнмут. Се очекува капитенот да биде подготвен за настап во среда. 

Добрата вест е дека по суспензијата во првиот натпревар, се враќа Томас Партеј, чие отсуство сепак се чувствуваше во првиот натпревар.

Натпреварот помеѓу ПСЖ и Арсенал е закажан за среда во 21:00 часот. 

Се вчитува...