Каи Хаверц ова лето го засили Арсенал од редовите на градскиот ривал Челси во трансфер вреден 70 милиони евра, но не ги оправда очекувањата на навивачите. Германецот стартуваше во сите четири натпревари, но не забележа ниту гол ниту асистенција.
Покрај тоа навивачите му замеруваат и за лежерноста и „незаинтереисраноста“, но ова мислење не го негува и тренерот Микел Артета која застана во одбрана на својот напаѓач.
„Ќе ви кажам што мислам за Каи – го обожавам. Неговите квалитети се евидентни на секој тренинг. Неверојатно е вреден, завршува многу задачи пред противничкиот гол и со тоа помага на екипата. Моментално му недостасуваат голови, како погодоци по втрчување во казнениот простор, но допринесува со се останато.
Не е згодно да барате нешто од група на луѓе, посебоно оние на стадинот и нашите навивачи кои не поддржуваат од своите домови, но сепак да побарам од вас да му покажете љубов и тој ќе се покаже во најдоброто светло“, вели Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

