Денот по победата на Арсенал над Евертон донесе некои навистина неверојатни вести во врска со ѕвезда на Арсенал која треба да го напушти тимот оваа зима.
Имено, според извештаите на медиумите од Англија, Арсенал ќе се раздели со Габриел Мартинели и тоа би можел да биде најголемиот шок овој јануари кога станува збор за трансферите на „Емиратите“.
Крилниот напаѓач започна само пет натпревари во Премиерлигата оваа сезона, а во Лигата на шампионите игра навистина добро и постигна гол во сите пет настапи оваа сезона. Мартинели е првиот играч на Арсенал во историјата кој постигнал гол во пет едноподруго натпревари во Лигата на шампионите.
Според шокантното тврдење на новинар од Англија, Микел Артета одлучил да го продаде Мартинели во јануари. Новинарот од Турција, Серџан Хамзао, оди чекор понатаму и тврди дека Арсенал му ги понудил своите услуги на турскиот гигант, Фенербахче.
„Арсенал одлучи да го продаде Габриел Мартинели. Тој е понуден на Фенербахче. Скап играч“, тврди Хамзалу и продолжува:
„Не знам дали Фенербахче ќе се согласи да го донесе, но тој им е понуден“.
Факт е дека многу клубови, без сомнение поголеми од Фенербахче, сигурно ќе се обидат да ја искористат можноста да го доведат Мартинели оваа зима.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

