Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека асот на клубот од северен Лондон, Букајо Сака не е сериозно повреден и дека ќе отпатува со тимот на гостувањето кај Бормут во новото коло во Премиерлигата.
Крилниот напаѓач ја повреди во задната ложа при изненадувачкиот пораз од Грција со 1-2 на „Вембли“. Фудбалерите на „гордиот Албион“ потоа славеа против Финска, но 23-годишниот фудбалер остана во Лондон.
„Сака не е сериозно повреден. Тренираше полесно во последните два дена. Не беше подготвен за репрезентацијата на следниот натпревар, но ние сме полни со надеж. Тој вчера имаше неколку послаби тренинзи, па ќе видиме дали ќе може да се опорави на време“, изјави Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА