Артета: Судијата влијаеше врз резултатот, никој не доминирал така против Интер како Арсенал

Микел Артета не го криеше разочарувњето што Арсенал претрпе уште еден пораз, овојпат од Интер со 1-0 во Лигата на Шампионите. Шпанскиот стручњак го пофали својот тим за изданието, не го криеше разочарувањето поради промашените шанси, а се осврна и на судењето кое за него било клучен фактор што го одредил победникот.

Интер победи со голот од пенал поради играње со рака на Мерино, а „топчиите“ беа особено лути поради фактот што нешто претходно не беше досуден пенал за нив по стартот на Јан Зомер врз Мерино.

„Таквите одлуки го одредија резултатот, немаше пенал на едната, потоа досуден пенал на другата страна. Тешко е да прифатите ваков пораз, особено кога ќе одиграте така квалитетно. Ова беше еден од најдобрите мечеви на Арсенал со години наназад, доминација на терен, став на играчи, никој не доминирал така против Интер како што тоа го сторивме ние, но за жал изостана завршницата. Реалноста е дека имавме многу шанси, требаше да постигнеме најмалку два гола, но тоа не се случи“, изјави Артета.

Се вчитува...