Арсенал конечно заигра на ниво и успеа да врзе три победи во Премиер-лигата. Менаџерот на „топчиите“, Микел Артета настојува да го засили тимот во зимскиот преоден рок за овој клуб да ги нападне позициите кои следната сезона водат во Лигата на шампионите.
Прв на списокот на желби на Артета е одличниот играч за врска на Реал Мадрид, Иско. Шпанецот сезонава не се наоѓа во плановите на Зинедин Зидан и добива многу мала шанса во тимот на „кралевите“. Целата ситуација сака да ја искористи Арсенал и на „Емирати“ да го доведе Иско кој би бил замена за Месут Озил, кој се подготвува да го напушти лондонскиот клуб.
Сепак, тешко е да се поверува дека Реал би ја прифатил понудата за позајмица на плејмејкерот, особено откако ваквата формула не се покажа продуктивна во случајот со Себалјос, уште еден шпански играч за врска на Реал кој е дел од лондонскиот клуб, но не се снајде најдобро во тактичките замисли на Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

