Арсенал, се чини, во летниот преоден рок ќе добие одлично засилување во нападот во името на словенечкиот репрезентативец Бењамин Шешко.
20-годишниот офанзивец на германски Лајпциг, за кого се бори „половина“ Европа, како што пренесува англиски „Мирор“ и дефинитивно го одбрал Арсенал како своја нова дестинација. Огромен интерес за Шешко имаше и од Челси и Манчестер јунајтед, како и од неколку клубови од Италија, но „Мирор“ денеска ексклузивно пренесува дека Артета успеал да го наговори Словенецот да потпише за Арсенал.
Наводно, веќе се е договорено меѓу двете страни, па Шешко наредниот период се очекува само официјално да биде промовиран меѓу „топчиите“.
Според информациите и од Германија, веќе и во Лајпциг им е јасно дека ова лето ќе го загубат Шешко за кого се очекува да добијат отштета од 45 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА