Артета: Верувам дека Виктор ќе почне да постигнува голови

Во последното коло, Арсенал го доживеа својот прв пораз во Премиерлигата оваа сезона на гостувањето кај Астон Вила.

Пред мечот за Вулверхемптон покрај другите теми тој говореше и за формата на Виктор Ѓокереш кој не се снајде најдобро по неговото доаѓање на „Емирати“.

„Две работи треба да се совпаѓаат – мора да го ставите играчот во најдобри можни услови за да „експлодира“ и да го даде својот максимум. Но, постојат и детали во самата улога, во начинот на кој поединецот игра за да се случи сето тоа. Тоа е комбинација од тие две работи. Уште поважна е врската со соиграчите, разбирањето, комуникацијата и начинот на кој се развива. Пред повредата, Виктор беше на добро место. Му требаше малку време бидејќи оваа лига има различни барања, дури и не ја играше предсезоната со нас. Головите ќе дојдат и сите ќе бидеме многу среќни со него“, изјави Артета. 

Се вчитува...