Арсенал полека го подготвува теренот за иднината, па така се договори и за трансферот на талентираниот ирски играч од средниот ред од Шамрок Роверс.
Станува збор за 16-годишниот Виктор Ожианвуна, играч од средниот ред на ирскиот клуб. Сепак, постои одреден проблем со овој трансфер бидејќи Обединетото Кралство повеќе не е во Европската Унија, постојат различни правила за трансфер на малолетни фудбалери.
Така, Ожианвуна ќе може да игра за „топчиите“ само кога ќе наполни 18 години, што ќе биде во јануари 2027 година. Трансферот ќе е вреден два милиони фунти плус бонуси и можни 20% од идниот трансфер, доколку Арсенал некогаш одлучи да го продаде.
Младиот Ирец, кој одигра 13 лигашки настапи за Шамрок, ќе остане во Даблин каде што ќе ја гради својата кариера пред да замине на соседниот остров. Можна е и позајмица во некои од клубовите што играат во Европската Унија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

