Менаџерот на Арсенал Микел Артета, смета дека во битката за титулата во Англија не се вклучени само екипите на Арсенал и на Манчестер Сити, туку има повеќе екипи.
„Топчиите“ се со два бода предност пред Сити, и пет пред Јунјатед, но лидерот на табелата има и еден натпревар помалку од тимовите од Манчестер. Арсенал утре гостува кај Лестер во 25. коло.
„Мислам дека има повеќе од два тима вклучени во битката за титулата. Трката е неизвесна. Против Лестер мораме да бидеме добри и да ги победиме, особено ако се знае дека во последните недели играат добро. Мора да се обидеме да победуваме на секој натпревар“, рече Артета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

